Вардар ќе живее. По драматичната зима и огромните долгови што се уште се на името на спонзорот Сергеј Самсоненко, Вардар сепак именува нов шеф на стручниот штаб Никола Илиевски Џиџи кој се нафати да работи со младинците и со неколкумина поискусни кои останаа во клубот.
Вардарци имаат проблеми со терените за тренинг, базата во Хиподром и Академијата и не се во сопственост на клубот, па мораа да заминат во Охрид за барем неколку дена да ги одработат тимски и да се подготват колку што е тоа можно.
Во една ваква атмосфера, Вардар денеска ќе го пречека Пелистер во битката за бодови. Комитите се секогаш со клубот, му дадоа поддршка и финансиска преку акцијата „Билет за спас на Вардар“ и секако навивачка, со преубав амбиент и факели на арената „Тодор Проески“.
Но, денеска на теренот ќе бидат само младите сили на Никола Илиевски Џиџи и ривалите од Пелистер.
„Ништо нема да се реши со кукање. Ситуацијата е таква, а сите ние мора да се фокусираме да го дадеме максимумот. Фудбалерите сигурно ќе имаат големи мотиви за надигрување со Пелистер“, вели Никола Илиевски.
На останатите натпревари исто така ќе биде интересно. Шкупи гостува кај Борец во Велес, Шкендија сака да го освои Кратово, Струга Трим Лум е домаќин на Македонија ЃП, а Ренова ќе ја пречека Беласица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













