
Младиот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, овој преоден рок е на цел на големите клубови. Англискиот репрезентативец ја потврди добрата форма со одличните настапи на Мундијалот, па сега интересот за него е уште поголем. Најпрво се зборуваше дека за него се заинтересирани Реал Мадрид и Ливерпул, но сега во трката се вклучи и Манчестер Сити.
Наводно, Реал Мадрид бил презадоволен кога Холанѓанецот Коди Гакпо пристигнал во Ливерпул бидејќи тоа би требало да значи дека „црвените“ немаат пари за уште еден голем трансфер во овој преоден рок. Сепак, се чини дека Сити е подготвен да плати огромна сума за младиот играч за врска и да ја надмине секоја понуда што ќе дојде за него во Дортмунд, пишува каталонски „Спорт“ повикувајќи се на свои извори од Англија.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е подготвен да плати околу 100 милиони евра фиксни со бонуси до 40 милиони евра. Флорентино Перез е убеден дека Белингем би можел да ја прифати понудата бидејќи веќе докажал дека парите не му се приоритет, но може да биде привлечен од проектот што ќе се гради околу него во Реал во спортска смисла.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
