
Македонија го воодушеви светот со триумфот (1-2) над Германија во Дуисбург во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Тоа е само трет пораз во историјата за бундес-тимот во мундијалски квалификации, а претходниот го доживеаја во 2001 година, пред цели 20 години од Англија.
Колку е голем подвигот на македонската фудбалска репрезентација доволно говори и уште еден факт. Репрезентацијата на поранешна Југославија, државата чиј дел бевме во минатото, само шестпати во историјата ги има победено Германците.
Со селекција на фудбалери од Вардар до Триглав, за 46 години постоење, само шестпати остварила триумф против Западна Германија. Во меѓувреме СФРЈ се распадна на седум помали селекции, а Германија се обедини, Западна и Источна.
1952 година – победа од 3-1, на Олимписките Игри
1955 година – победа од 3-1, во пријателски натпревар
1962 година – победа од 1-0, во четвртфинале на СП
1967 година – победа од 1-0, во квалификациите за ЕП
1970 година – победа од 2-0, во пријателски натпревар
1973 година – победа од 1-0, во пријателски натпревар

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
