Connect with us

Коларов следна ѕвезда во Црвена Звезда

Српскиот интернационалец Александар Коларов од Интер заминува како слободен агент, а бомбастична е веста дека ќе го засили тимот на Црвена Звезда.


Срските медиуми пренесуваат дека Коларов ќе ја напушти и Серија А и кариерата ќе ја продолжи во Црвена Звезда со која веќе постигнал начелен договор. После ангажманот на Драговиќ ова е уште една голема зделка за раководството на „црвено-белите“.


Коларов од дете навива за Црвена Звезда и одлучил кариерата да ја заврши во клубот, а годишно во Белград ќе заработува по 600.000 евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови