
Долг период Македонија гледа Премиер – лига, Серија А, Ла Лига, Бундес – лига, со коментар на хрватски и на српски јазик. Долго има и обиди сето ова да се внесе во рамка и љубителите на фудбалот да ги гледаат странските спортски канали преку ТВ операторите на македонски и на албански јазик.
На денешната седница, врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Република Северна Македонија, Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територијата на Република Северна Македонија, најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.
Сепак, дали ова ќе значи и конечно имплементирање на македонскиот и на албанскиот јазик, со оглед дека владата само им препорачува на радиодифузерите. Сосема друго прашање е кој ќе ги коментира натпреварите, дали Македонија има доволно подготвени спортски коментатори за двата јазика, бидејќи радиодифузерите реемитуваат оргомен број спортски канали (Арена Спорт, Спорт Клуб, Евроспорт, Тринг)…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
