Connect with us

Кој ќе ја освои „Златната топка“? Првпат по 2003 година, меѓу номинираните ги нема Лео Меси и Кристијано Роналдо

„Франс Фудбал“ вечерва ги објави номинациите за годинашното издание на „Златната топка“. Победникот се чека со голем интерес, бидејќи има неколку претенденти кои можат да ја добијат честа. Поголемата вест, сепак, е дека за првпат по 2003 година, меѓу номинираните недостасуваат двајцата мајстори за трофејот во последните две децении – Лионел Меси и Кристијано Роналдо.


Ова е јасен знак дека доаѓа нова ера во фудбалот, а допрва ќе видиме кој ќе ги наследи двајцата великани.

Објавени се вкупно 30 имиња, а оваа година меѓу фаворитите за трофејот се Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор, Лаутаро Мартинез и Родри.

Меѓу номинираните се и Хари Кејн, Адемола Лукман, Нико Вилијамс, Џуд Белингам, Антонио Рудигер, Алехандро Грималдо, Матс Хумелс, Букајо Сака, Ламин Јамал, Кол Палмер, Деклан Рајс, Витиња, Вилијам Салиба, Хакан Чалханоглу, Дани Олмо, Мартин Одегард, Флоријан Вирц, Дани Карвахал, Тони Крос, Артем Довбик, Гранит Џака, Рубен Дијаз, Федерико Валверде, Фил Фоуден и Емилијано Мартинез.

Победникот ќе биде одреден на 28 октомври, кога ќе се одржи официјалната церемонија во француската престолнина Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови