
Kој е најдобриот светски фудбалер во 2021 година, ќе дознаеме вечерва во изборот на ФИФА. Наградата за најдобар во светот за минатата година ќе ја добие Роберт Левандовски, Лионел Меси или Мохамед Салах.
Во 19 часот во Цирих ќе започне церемонијата на изборот на најдобрите фудбалери во изборот на Светската фудбалска организација, а ќе бидат прогласени најдобрите голмани, тренери, голови (награда Ференц Пушкаш), навивачки и награди за фер-плеј. Во исто време, ќе биде прогласен и најдобриот тим на годината, избран од ФИФПро, оргзниацијата на фудбалските професионалци од целиот свет.
Ова е шести избор на ФИФА за наградата „The Best“, а во најинтригантната категорија за фудбалер на годината, трофејот го кренаа Кристијано Роналдо (2016, 2017), Лука Модриќ (2018), Лионел Меси (2019) и Роберт Левандовски (2020).
Напаѓачот на полската репрезентација и на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ја брани титулата, а го „напаѓаат актуелниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, кој веќе го освои споменатиот трофеј, а во текот на годината настапуваше за Барселона и ПСЖ. Доколку се случи изненадување и наградата ја добие Мохамед Салах, за најдобриот египетски фудбалер и напаѓач на Ливерпул, тоа ќе биде прв трофеј од ваков вид.
Во текот на 2021 година споменатите тројца постигнале дури 129 гола на 145 натпревари заедно!
Кај девојките за наградата се номинирани Џенифер Хермосо (Барселона), нејзината сонародничка и клупска колешка Алексија Путелјас и Австралијката Сем Кер (Челси).
Кандидати за тренер на годината во машка конкуренција се Томас Тухел од Челси, стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, и селекторот на европскиот шампион Италија, Роберто Манчини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
