Connect with us

Кој ќе го наследи Пикси на клупата на Србија?

Репрезентацијата на Србија доживеа неуспех на Европското првенство во Германија, со елиминација во првата фаза од турнирот, што предизвика огромно незадоволство и ќе доведе до отказ за селекторот Драган Стојковиќ-Пикси.

Фудбалската јавност во Србија веднаш започна потрага по неговиот наследник. Медиумите известуваат дека постојат четири кандидати за нов селектор на српската селекција.

Главен кандидат за наследник на Пикси е Славиша Јокановиќ, кој во својата кариера ги има предводено Фулам, Вотфорд и Партизан.

Другите кандидати за нов селектор се Владимир Ивиќ, Мирослав Ѓукиќ и Саво Милошевиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови