
Лацио денеска неочекувано остана без тренер откако Маурицио Сари поднесе оставка.
На ваквата одлука и претходеа четири последовни порази, како и елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите, но како причина за неговата оставка се наведува немањето поддршка од раководството на клубот кога е во прашање градењето конкурентен тим.
Кој ќе го преземе Лацио, сега се прашуваат италијанските медиуми.
Најпознато име е Мирослав Клосе, кој не работеше никаде откако беше тренер во австрискиот Алтах, а се споменуваат и Томасо Роки и Кристијан Броки.
Клосе наводно би го прифатил договорот до крајот на сезоната, но Клаудио Лотито ќе разговара и со Роки, кој го предводеше младинскиот тим на Лацио, како и со Броки за сѐ да добие поголема слика.
Лацио моментно е на деветтата позиција во Серија А со 40 бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
