Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија и еден од најдобрите светски напаѓачи Хари Кејн му најавил на ркаоводството на Тотенхем дека сака да го напушти клубот. Неговата амбиција е да остане во Премиер – лигата, но да се пресели во клуб има шампионски амбиции.
Ова веднаш ги активираше големите и моќни клубови на Островот. Манчестер Јунајтед одамна сака да го доведе Кејн на „Олд Трафорд“, Пеп Гвардиола во него ја гледа можеби и идеалната замена за Серхио Агуеро, а Челси исто така посакува напаѓач од негов калибар за да биде конкурентен во трката за шампионската титула.
Тотенхем нема да дозволи да го загуби Хари Кејн без отштета од 100 милиони фунти, но овие три клуба се подготвени да платат таква сума за еден од најголемите трансфери во Премиер – лигата во изминатите десетина години. И тоа не е се, Хари Кејн сака се да биде готово пред почетокот на Европското првенство…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Винисиус сака трансфер во ПСЖ?













