
„Франс Фудбал“ ја објави листата на кандидати за наградата најдобар тренер во светот, по избор на овој престижен француски медиум.
Номинирани се Чаби Алонсо (Баер Леверкузен), Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Луис де ла Фуенте (селектор на Шпанија), Џанпјеро Гасперини (Аталанта), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Лионел Скалони (селектор на Аргентина).
Победникот во изборот за најдобар тренер ќе биде објавен на 28 октомври, на церемонијата на доделување на највисоката индивидуална фудбалска награда – „Златната топка“.
Овој избор за тренер на годината навистина ќе биде историски, бидејќи сите кандидати апсолутно ја заслужуваат наградата.
Де ла Фуенте на доминантен начин го освои ЕП во Шпанија, Чаби Алонсо со Баер Леверкузен ги освои Бундеслигата и Купот на Германија без пораз, Анчелоти ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига со Реал, Гасперини и го донесе на Аталанта првиот трофеј во историјата, и тоа во Лигата на Европа на импресивен начин. Гвардиола со Манчестер Сити подигна уште еден трофеј во Премиер – лигата, додека Лионел Скалони со Аргентина го одбрани пехарот на Копа Америка и ја продолжи бруталната доминација, бидејќи „гаучосите“ се и актуелни светски шампиони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
