
ФИФА го објави скратениот список за наградата „The Best“, која е наменета за најдобриот светски фудбалер, а ќе биде доделена на 17 декември. Роберт Левандовски, Кристијано Роналдо или Лионел Меси?!
Освојувачот на тројната круна со Баерн Минхен, Роберт Левандовски, е фаворит за наградата за која конкурираат и „вечните“ Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Португалецот освои титула со Јувентус во Серија А, но зачудува вметнуваењто на Лионел Меси меѓу тројцата номинирани.
Мануел Нојер (Баерн Минхен), Алисон Бекер (Ливерпул) и Јан Облак (Атлетико Мадрид) се финалистите во изборот за најдобар голман, а тренерот на годината ќе се бара меѓу Ханси Флик, Јирген Клоп и Марсело Биелса, менаџерот на Езгјан Алиоски од Лидс Јунајтед.
Во конкуренција за најдобра фудбалерка се Луси Бронс, Перниле Хардер и Венди Ренар, а признанието „Ференц Пушкаш“ ќе се бара меѓу головите на Де Араскаета, Суарез и Сон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
