
Ерлинг Халанд е нов играч на Манчестер Сити. Тој на лето ќе дојде за отштета од 75 милиони евра по две и пол години во Борусија Дортмунд, за која на 88 натпревари постигна 85 голови и имаше 23 асистенции.
Доаѓањето на феноменалниот млад голгетер во најголемиот ривал на Ливерпул е причината поради која новинарите побараа коментар од Јирген Клоп за овој трансфер.
„Добар играч, но Сити никогаш не бил, ниту ќе биде тим што победува поради еден играч. Веќе знам дека Ерлинг ќе постигне најмногу голови, а тој брзо ќе сфати дека пристигна во лига која е на сосема друго ниво. Тој е вистинско животно. Може да се повреди, но кога е фит… За жал, многу добро засилување за Сити“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski