Ливерпул доживеа пораз во големото дерби, беше 2-1 во корист на тимот на Манчестер Јунајтед, а многумина добија впечаток дека Манчестер не е толку добар колку што Ливерпул е слаб оваа сезона.
Што е проблемот? Тоа е за длабока анализа која треба да ја направи Јирген Клоп, но се чини дека се започна со заминувањето на Садио Мане.
„Загрижен сум за ситуацијата, но таа не може да се промени. Сега се подготвуваме за мечот со Борнмут“, изјави Јирген Клоп.
Дарвин Нуњез се уште се прилагодува на Премиер -лигата, а Јирген Клоп ќе мора да се соочи со критиките за најслабиот старт на тимот во последните десет години. Тоа е најслабиот старт и за Јирген Клоп од неговото доаѓање во тимот.
До далечната сезона 2012/13, Ливерпул освои само два бода во првите пет натпревари. Сега има исто така два бода, но од три одиграни меча.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













