
Ливерпул успешно го започна својот настап на вториот најквалитетен европски клупски турнир – Лига Европа, откако на гостински терен го совлада ЛАСК со 3-1. Флоријан Флекер ги доведе домаќините во водство во 14. минута, но по паузата Англичаните ја свртеа ситуацијата во своја полза по голот од пенал на Дарвин Нуњес (56.) и головите на Луис Дијаз (63.) и на Мохамед Салах (88.) .
За „црвените“ тоа беше 17. натпревар по ред во сите натпреварувања без пораз. Успехот беше посебен и за менаџерот Јирген Клоп, кој ја оствари својата јубилејна 50. победа во европските клупски натпреварувања со Ливерпул.
Историски гледано, ниту еден друг менаџер на тимот од родниот град на Битлси не постигнал толкав успех на меѓународната сцена, што го прави Германецот еден од најуспешните што некогаш раководеле со англискиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal