Connect with us

Клоп: Среќен сум што уште сме во игра за титулата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги пофали своите играчи за играта против Фулам. „Црвените“ победија со 1-3 на „Крејвен Котиџ“ по серијата негативни резултати во Премиер – лигата и Лига Европа.


Со својот успех, Ливерпул се израмни бодовно со лидерот Арсенал на врвот на табелата.

„Кога ја освоивме титулата беше малку поинаку бидејќи немаше навивачи на стадионот. Би сакал овојпат да биде малку поинаку. Во сите други случаи во борбата за титулата завршивме на поразената страна, но ја задржавме интригата и беше возбудливо. Можеби ако можеме да ги задржиме работите вака возбудливи до самиот крај, судбината може да биде на наша страна овојпат. Немаме начин да го знаеме тоа“, прокоментира Клоп.

„Мораме да се обидеме да победиме што повеќе натпревари, да освоиме што е можно повеќе бодови. Сезоната е многу интензивна за сите тимови. На секоја од трите екипи кои се борат за титулата и треба среќа. Ќе биде интересно и многу сум среќен што сме во борбата за трофејот“, изјави германскиот стратег, кој на крајот од сезоната ќе го напушти клубот од „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови