Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази жалење што неговиот тим пропушти победа против Астон Вила. „Црвените“ имаа два гола предност, но мечот на „Вила Парк“ заврши 3-3.
„Победата ни се лизна, а ја држевме цврсто со двете раце. Игравме многу добар фудбал. Одигравме навистина добро и му направивме огромни проблеми на противникот. Имавме и многу нереализирани шанси, а потоа Астон Вила почна поопасно да напаѓа и често влегуваше во нашиот шеснаесетник. Моравме да направиме корекции, но направивме и грешки“, изјави Клоп.
„Тоа беше само почеток. Противникот израмни и не ни разбрав како се случи. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, момците покажаа исклучителен карактер. Сакавме да победиме. На 2-3 стана многу тешко. Тоа е сѐ што можам да кажам“, изјави Германецот.
Последниот натпревар на Клоп на чело на Ливерпул ќе биде на домашен терен против Вулверхемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













