
Големото дерби ги очекува Ливерпул и Манчестер Сити на „Енфилд“ в недела (17.30 часот), а менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, вели дека неговиот тим ќе игра против најдобрите во светот, кои во својот состав го имаат најдобриот напаѓач на светот.
„Ќе играме на „Енфилд“, пред нашите фанови, против најдобрата фудбалска репрезентација во светот и тоа е голем предизвик. Кога играте против најдобриот напаѓач во светот во моментов, она што сакате е да бидете сигурни дека тој добива што е можно помалку топки. И тоа е она што ние ќе се обидеме. Но, логично, проблемот е ако го затворите Халанд со повеќе играчи, тогаш ќе го оставите отворен патот за другите играчи од светска класа, па тоа нема да ни го олесни многу животот“, изјави Клоп на прес-конференцијата.
„Секогаш бевме храбри против Сити. Но, нашата формација сега се промени за да затвори некои празнини. Мораме да бидеме сигурни дека сме на најдоброто можно ниво во одбраната, а тоа значи висок пресинг на сите делови од теренот. Ќе мора да најдеме решение. Ќе мора да бидеме и мудри, флексибилни, да имаме добар проток на топката. Одигравме добар натпревар против Глазгов Ренџерс. Така треба да направиме, со додавања да го натераме противникот да се брани. Луѓето понекогаш забораваат дека и Сити може да има проблеми. Треба да го имаме и тоа на ум“, заклучи Клоп.
А потоа, додека ги пофали своите играчи, особено Мохамед Салах и Роберто Фирмино, Клоп му посвети многу внимание на Ерлинг Халанд.
„Физички, тој поставува нови стандарди. Тој е комбинација на исклучително силен играч со одлична техника и некои навистина сензационални решенија на одредени ситуации. Исклучително е ориентиран на теренот, ретко го фаќаат во офсајд замки. Има многу работи што го прават феноменален напаѓач, а сега дојде во Сити, каде игра со најдобрите светски играчи, кои брилијантно му ја додаваат топката и го ставаат во гол позиции – Кевин де Бруин, Илкај Гундоган, Фил Фоден, Бернардо Силва, Ријад Марез… Сите тие се одлични. Тие се навистина одлична комбинација, нема сомнеж во тоа“, продолжи со пофалби Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
