Connect with us

Клоп го изгуби венчалниот прстен при триумфот над Њукасл (ВИДЕО)

Ливерпул го победи Њукасл со 4-2 во првиот натпревар од Премиер лигата оваа година.
И покрај победата, менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп имаше критични минути додека ја славеше со навивачите на „Енфилд“.


Германецот се упати кон трибините за традиционалниот поздрав кон фановите, но венчалниот прстен му се лизна од прстот и падна на тревата. Клоп залудно почна да ја бара, a на крајот му помогна камерман кој го снимаше на теренот.


„Еднаш го изгубив прстенот и ми требаше професионален нуркач да го најдам бидејќи бев во вода. Одвреме-навреме губам по неколку килограми на натпреварите и прстенот може да ми се лизне од прстот!“, објасни тој.


На крајот, Клоп можеби се спаси од непријатни моменти дома со неговата сопруга Ула Зандрок, неговата втора сопруга со која се запознал на Октоберфест каде таа работела како келнерка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови