Менаџерот Јирген Клоп сака Роберто Фирмино да остане во Ливерпул и следната сезона.
На некои од клучните играчи на Ливерпул им истекува договорот на лето. Станува збор за Наби Кеита, Џејмс Милнер, Роберто Фирмино и Алекс Окслејд-Чемберлен.
„Сакам Фирмино да остане тука. Тој ја знае ситуацијата и што мислиме за него. Нема проблем. Тој е неверојатен, но не знам 1000% кои се неговите планови. Џејмс Милнер? Тој е неверојатно важен играч”, изјави Клоп.
Разговорите за нов договор на Кеита се завршени и нема да има нова понуда за играчот од средниот ред од Гвинеја. Окслејд-Чембрлен исто така се очекува да го напушти клубот на лето, но Фирмино и Милнер се играчи за кои Клоп се залага да останат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













