Connect with us

Клоп: Дозволивме лесни голови и заслужено загубивме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не беше критичен кон играчите по поразот со 2-1 од Ројал Унион Сен Жилоа во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на Европа. „Црвените“ предвреме го обезбедија првото место и излегоа без поголемиот дел од своите ѕвезди.


„Нашиот противник сосема заслужено победи. Имавме многу промени во составот и не го најдовме вообичаениот ритам. Примивме лесни голови. И покрај сѐ, два-три пати бевме блиску до израмнување“, изјави Клоп.

„Можеби првиот удар во нашиот гол беше од офсајд. Но, каква и да е вистината, тоа нема да промени ништо“, додаде Германецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови