Македонскиот претставник Шкендија ја продолжува европската одисеја во Конференциската лига на УЕФА откако оствари и втор триумф над Валмиера (3-1) во Скопје.
Претходно, тимот на Артим Шаќири славеше со 1-2 и на гостувањето во Летонија. Следен ривал на Шкендија ќе биде шведскиот тим АИК Стокхолм.
Капитенот Егзон Бејтулаи ја доведе Шкендија во водство во 11.минута, а Валмиера израмни преки Масаки Мурата во 25.минута.
Љупчо Дориев не дозволи гостите да се надеваат на нешто повеќе од пораз откако со одлична соло акција ја врати предноста на Шкендија во 33.минута.
Триумфот на Шкендија и пласманот во следното коло го завери Флорент Рамадани во 85.минута.
ШКЕНДИЈА СО НЕСООДВЕТЕН ОДНОС КОН ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ….БОЈКОТ НА СЛЕДНИТЕ МЕЧЕВИ!
Шкендија има добар тим, но организациски веројатно е далеку од клуб што треба да се натпреварува во Европа. Барем со односот на клупските структури кон фоторепортерите од дел од македонските спортски медиуми. Поради несоодветен однос, неколку редакции меѓу кои и МАКФУДБАЛ, го напуштија работниот простор и во знак на револт нема да објават фотографии од вечерашниот натпревар. Исто така, фоторепортерите најавуваат и бојкот на следните натпревари на Шкендија во Конференциската лига на УЕФА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski