
Македонските репрезентативци Бобан Николов и Дамјан Шишковски ќе продолжат со настапите во европските купови, откако нивниот тим успеа да извлече 0-0 на гости кај Олимпија Љубљана и благодарение на победата дома се пласираше во осминафиналето на Конференциската лига.
Бобан Николов беше стартер, имаше значајна улога во средниот ред и доби жолт картон поради интензивната борба со противничките играчи. Шишковски, пак, остана на клупата за резерви. Во тимот е уште еден фудбалер кој има и македонски пасош, колумбискиот интернационалец Себастијан Херера.
На овој дуел имаше и навивачки хаос, па мечот траеше дури 103 минути.
Бетис минимално загуби од Гент со 0-1 во реваншот, но Шпанците веќе имаа комотна предност од три гола од првиот меч и заслужено обезбедија пласман во осминафиналето. Единствениот гол на натпреварот го постигна Арчи Браун во 87. минута, но Гент немаше шанси за пресврт, иако Бетис играше со човек помалку во последните пет минути.
Во кипарското дерби, Пафос со 2-1 ја совлада Омонија Никозија и со вкупни 3-2 се пласираше во следната фаза на Конференциската лига. Головите за домаќините ги постигнаа Бруно и Силва, додека за гостите стрелаше Стеван Јоветиќ.
Натпреварот меѓу Хајденхајм и Копенхаген заврши нерешено во регуларниот дел, па тимовите ќе играат продолженија за пласман во осминафиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
