Connect with us

КЛ: Партизан декласиран дома од Феенорд, триумф на Рома (ВИДЕО)

Српскиот претставник Партизан налета на расположениот тим на Феенорд и на домашен терен во Белград загуби со 2-5 во првиот осминафинален натпревар од Конференциската лига на УЕФА. Бибас Натхо го доведе Партизан во водство во 13.минута, но израмни Торнстра седум минути подоцна.

Немања Јовиќ на самиот почеток на вториот дел повторно донесе предност за Партизан од 2-1, а потоа следуваше вистински потоп за домаќинот. Десерс израмни, а до крајот Гертруида, Синистера и Торнстра донесоа убедлив триумф за Феенорд.

Славија Прага го совлада ЛАСК со 4-1, а Рома славеше со 0-1 на гости кај Витесе со голот на Серџо Оливеира. ПАОК го победи Гент со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови