
Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт го победи Абердин (2-1), во чиј тим цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Мармуш од пенал донесе водство за Ајнтрахт, а израмни Данте Полвара во 22.минута. Сепак, во вториот дел Робин Кох во 61.минута постигна гол за триумф на Ајнтрахт.
Фенербахче го победи Нордсјеланд со 3-1, а Фенерцварош беше подобар од Чукарички со истиот резултат.
Лудогорец го декласира Спартак Трнава со 4-0, а Милан Ристовски остана на клупата кај гостите.
Зрињски на луд начин дојде до победа против АЗ Алкмар. Босанскиот тим губеше со 0-3 на полувреме, а на крајот победи со 4-3. Звонимир Кожуљ беше двоен стрелец, а погодија и Чорлука и Хрвановиќ.
Генк и Фиорентина одиграа 2-2, а Легија ја победи Астон Вила со 3-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal