
Фиорентина продолжува да доминира во Конференциската лига со убедлива победа од 7-0 над австрискиот ЛАСК во рамките на петтото коло.
Тимот од Фиренца целосно го контролираше натпреварот, а Рикардо Сотил блесна со два постигнати гола, по еден во секое полувреме.
Домаќините имаа убедливо водство од 3-0 уште по првото полувреме. Освен Сотил, во листата на стрелци се запишаа Иконе, Ричардсон, Гудмундсон, а автогол постигна дефанзивецот на гостите, Филип Стојковиќ.
Со оваа победа, Фиорентина стигна до својот четврти триумф во натпреварувањето, освојувајќи 12 бодови.
Од другите натпревари: Башакшехир славеше над Хајденхајм со 3-1, Динамо Минск го совлада Ларне со 2-0, ист резултат оствари и Копенхаген против Хартс. Серкл Бриж убедливо ја победи Олимпија Љубљана на гости со 4-1, додека Бетис минимално го победи Петрокуб со 0-1.
Хелсинки и Молде ремизираа 2-2, Легија загуби од Лугано со 1-2, а Ноа беше поразена од АПОЕЛ со конечни 1-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
