Јагиелонија, тимот во кој игра македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, направи голем чекор кон четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА, по убедливата победа од 3-0 против Серкл Бриж во првиот осминафинален меч. По израмнетиот прв дел, полскиот клуб го отвори резултатот со гол од пенал на Пулулу во 69. минута, а само шест минути подоцна Романчук зголеми на 2-0. Пулулу постигна втор гол за конечните 3-0 во 78. минута. Чурлинов започна од првите минути, но беше заменет по 60 минути игра.
Целје и Пафос остварија минимални победи. Целје го победи Лугано со 1-0, а Светлин го постигна единствениот гол во 23. минута. Пафос, пак, ја победи својата средба против Ѓургарден со 1-0, оставајќи си добра шанса за реванш во Шведска.
Борац Бања Лука и Рапид Виена одиграа 1-1. Борац израмни во последните моменти со голот од пенал на Вуковиќ, кој им дава и шанса за понатамошен пласман. Бобан Николов играше 60 минути за Бања Лука, додека Шишковски беше на клупата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













