Connect with us

Кит Го ја има најдолгата победничка низа во Втора лига: По триумф и против Питу Гули за крај на есентта

По извонредните игри изминативе шест кола низ кои се нанижаа исто толку победи, фудбалерите на Кит Го посакуваат со триумф и против Питу Гули денеска во 14. коло од Втората лига – Исток да го завршат есенскиот дел од шампионатот. Пехчевци со шест едноподруго победи ја имаат најдолгата победничка низа во двете второлигашки конкуренции сезонава. И посакуваат и со седма победа да го заокружат одличниот прв дел од сезоната.

Дефанзивецот Никола Ристевски без размислување нагласува дека тимот е подготвен за максимален ангажман и со нов победа пред своите навивачи во Пехчево да ја заокружат есентта.

„Играме во одлична форма… Шест кола едноподруго нижеме победи, па сигурна сакаме сега со нов триумф да го заокружиме есенскиот дел од сезоната. Мора да кажам дека максимално се подготвени и мотивирани и за пресметката со Питу Гули без никаква желба за потценување на противникот. Напротив, со максимален респект и со целосен ангажман посакуваме да дојдеме до трите бода“ – вели дефанзивецот Никола Ристески.

Натпреварот меѓу Кит Го и Питу Гули се игра денеска со почеток од 13 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК, 14. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Тиквеш – Брегалница
Каменица Саса – Кожуф
Беласица – Плачковица
Кит Го – Питу Гули
Победа – Осогово

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови