Connect with us

Кировски не го продолжи договорот со Македонија ЃП

Напаѓачот Христијан Кировски заминува од Македонија ЃП во пресрет на европските настапи. Преговорите за нова соработка меѓу фудбалерот и раководството на клубот не беа успешни и тој си заминува од Ѓорче Петров.
Кировски имаше важна улога оваа сезона во тимот на „лавовите“ и во првенството и во Купот на Македонија. Тој беше прв стрелец на ѓорчепетровци со 12 гола и трет стрелец во шампионатот. Постигна четири гола и во Купот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови