Македонскиот вицепрвак Шкупи продолжува со голема активност на трансфер – пазарот. Ново засилување на тимот од Чаир е Кире Маркоски, повремен репрезентативец на Македонија и досегашен член на Академија Пандев.
Кире Маркоски потпиша едногодишен договор со Шкупи и треба да ја засили конкуренцијата на крилните позиции во обидот за добар европски настап и во трката за шампионска титула во домашното првенство.
„Сакам да се заблагодарам на сопственикот Олгун Ајдин, на спортскиот директор Омер Буњаку, како и на тренерот Гоце Седлоски, за довербата и за шансата да бидам дел од овој тим. Шкупи има големи амбиции за претстојната сезона и искрено тие идели ми се допаднаа. Верувам дека под водство на Седлоски можеме до плејофот во Конференциската лига“, изјави Кире Маркоски.
Тој доаѓа како слободен агент од Академија Пандев, а претходно беше член на АЕЛ Лимасол, Карвина, Спартак Трнава и на Работнички. Претходно, Шкупи се засили и со Фисник Зука, Блертон Шеји и со Томе Китановски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski