Connect with us

Кингсли Коман почна со тренинзи

Францускиот репрезентативец Кингсли Коман се врати на тренинзите на Баерн Минхен, соопшти германскиот фудбалски шампион. Ова доаѓа 10 дена откако напаѓачот доживеа делумно кинење на бутниот мускул на десната нога. Повредата го остави надвор од составот на Франција за натпреварите од Лигата на нации.


На денешниот тренинг Коман одработил 20 минути со соиграчите. Целта е тој да започне со целосни тренинзи кога ќе заврши репрезентативната пауза и тој да биде дел од составот за натпреварот против Баер Леверкузен на 30 септември.

Неговиот тим освои три бода на последните 4 натпревари во Бундес-лигата и падна на петтото место на табелата. Ова е најлошата серија на Баерн од сезоната 2001/02.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови