Кингсли Коман би можел да биде уште еден од играчите кои ја напуштаат Европа и заминуваат во Саудиска Арабија, бидејќи и тој добил богата понуда од таа земја, пишуваат медиумите во Германија.
Голем интерес за Коман покажал Ал-Хилал, кој веќе неколку дена преговара со Баерн Минхен. Според германскиот „Скај Спорт“, клубовите постигнале договор и Баварците се согласиле да го продадат францускиот играч.
Баерн е задоволен од понудата на Ал-Хилал и даде зелено светло за продажбата на Коман, но трансферот сè уште не е завршен бидејќи играчот треба да се согласи на она што му го нудат Саудијците.
Сега сè е во рацете на Коман, но изгледа дека е само прашање на време кога неговиот трансфер во Ал-Хилал ќе биде официјализиран.
Ал-Хилал му нуди неверојатни 120 милиони евра за тригодишен договор.
Коман ја започна својата кариера во дресот на ПСЖ, а досега има играно и за Јувентус и Баерн. Инаку, со Баварците има договор до летото 2027 година, но поради честите проблеми со повреди во претходните сезони, повеќе беше надвор од теренот отколку што играше.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













