Европскиот првак Челси размислува за засилувања во одбранбената линија. Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен, Тијаго Силва и Цезар Аспиликуета имаат договори до јуни, двајца од нив се очекува да потпишат нови, но двајца речиси сигурно ќе си заминат.
Силва и Кристенсен имаат големи шанси да останат, Аспиликуета е се поблиску до заминување, а особено Рудигер, кој веќе одби неколку понуди за продолжување на соработката.
Затоа Томас Тухел бара начин да ја засили одбраната. Одамна е познато дека Челси ги следи Жил Кунде и Матијс де Лихт, но денеска се појавија нови информации.
Стоперот на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе, размислува да замине во Лондон. Тухел беше тој што му веруваше на Кимпембе и го турна во првиот тим на „светците“ додека го предводеше ПСЖ, поради што Тијаго Силва подоцна не доби нов договор.
Кимпембе остана незаменлив и по доаѓањето на Серхио Рамос, но ја разгледува опцијата да замине во Челси. Тој се уште има одлични релации со Тухел, а во Париз нема најдобра тимска атмосфера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













