Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, изјави по победата (0-1) над Борусија Менхенгладбах дека можноста да остане во тимот е повеќе од реална. Договорот на германскиот репрезентативец со Баварците истекува претстојното лето, што значи дека може да си замине како слободен агент.
„Шансите да останам се многу поголеми од минатото лето, затоа што гледам како играме. За тоа голема заслуга има тренерот. Цела Германија може да види дека играме поразличен фудбал. Ситуацијата изгледа многу подобро. Уживање е да тренираме и да играме заедно“, изјави Кимих.
Баерн Минхен е лидер на табелата во Бундес-лигата, со четири бода предност во однос на Баер Леверкузен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













