
Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих откри дека во сезоната 2016/17 размислувал да го напушти Баерн Минхен.
„Кога не играв колку што сакав, размислував да го напуштам клубот. Но, тогаш Карло Анчелоти си замина и јас повторно бев стандарден првотимец“, изјави Кимих. „Освоивме сè и никогаш повеќе не помислив на тоа“.
После Анчелоти, германскиот шампион накратко го предводеше Вили Сањол, потоа Јуп Хејнкес, а следеа Нико Ковач, Ханси Флик и денешниот тренер Џулијан Нагелсман.
Кимих во Баерн дојде во 2015 година од Штутгарт, а актуелниот договор му трае до 2025 година.
„Не знам што ќе се случи за неколку години, ќе видиме. Забавно ми е во Баерн, но секогаш размислувам за нови предизвици“, изјави Кимих.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal