
Германската репрезентација е елиминирана од Светското првенство во Катар. Германците завршија на третото место во групата Е зад Јапонија и Шпанија и ќе мора да се вратат дома вторпат по ред по само три натпревари на Мундијалот.
Германија синоќа во последното коло од групната фаза ја совлада Костарика со 4-2, но поради победата на Јапонија над Шпанија од 2-1 пропушти пласман во осминафиналето.
Еден од најискусните играчи во тимот на „панцирите“, играчот од средниот ред на Баерн, Џошуа Кимих, во изјава по натпреварот истакна дека испаѓањето од Мундијалот е катастрофа.
„За мене ова е најлошиот ден во мојата кариера. Би пропаднал во земја! На крајот на краиштата, мислам дека овие неуспеси се поврзани со мене”, вели Кимих.
Репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година, но не се прослави на следните три големи натпреварувања.
На ЕП 2016 испаднаа во полуфиналето, на СП 2018 веќе во групната фаза, додека на минатогодишното ЕВРО испаднаа во осминафиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
