Искусниот голман Кристијан Наумовски се враќа на Чаир и повторно ќе го носи дресот на Шкупи. Ова предмалку го потврди и клубот објавувајќи дизајнирана фотографија на која пишува „Кико се врати дома“.
Кристијан Наумовски претходно три сезони беше дел од Шкупи и ја носеше капитенската лента, а потоа замина во Брунеи, во клубот ДПММ.
Наумовски кариерата ја почна во Работнички, играше и за Левски, Динамо Букурешт, Пегасус, Балзан, Биркиркара.
Во Шкупи треба да пристигне и крилниот напаѓач Џемал Ибиши, кој се раздели со Тиквеш и се очекува набрзо да биде промовиран како ново засилување за тимот од Чаир.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













