Барселона одигра реми без голови против Хетафе на гости, а тренерот Чави и голманот Марк-Андре Тер Штеген се пожалија на високата трева на теренот, како и на терминот на одигрување на натпреварот.
Чави рече дека Барселона е навикната на вечерни натпревари и има проблем да игра на сончеви услови во недела попладне. Но, следеше одговорот од Кике Санчес Флорес, тренерот на Хетафе.
„Не сакам да навлегувам во тоа. Не игравме на песок или на земјена подлога, тревата е убава и иста за двата тима. Тие имаат ниска трева на својот стадион и создаваат услови кои им одговараат поради начинот на кој тие играат фудбал. Ние играме во услови кои се најдобри за нас. Ништо надвор од правилата не е направено. Што се однесува до сонцето, има и за тоа решение – Нивеа, лосион за сонце“, изјави Кике Санчес Флорес.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski