Connect with us

Киелини: Три години го чекаме ова, да истрчаме на теренот и да се бориме за европски трофеј

Расте тензијата во пресрет на големото финале на Европското првенство меѓу Италија и Англија кое е закажано за в недела, на 11 јули на „Вембли“. Капитенот на „аѕурите“, Џорџо Киелини вели дека три години го чекале овој момент, да истрчаат во големо финале и да се борат за европскиот пехар.

„Она за што сонувавме во овие три години се приближува, она што селекторот полека ни го всадуваше, капка по капка, во главите. Тоа беше крешендо на емоции, крешендо што нè натера да оствариме една одична европски авантира и да веруваме дека можеме да одиме до крај. Јасно е дека ќе се зголемува адреналинот како што ќе се приближува почетокот на мечот, но сигурен сум дека ќе успееме позитивно да ја трансформираме напнатоста во позитивен пристап и мотивираност. Би сакале да играме во Рим, пред нашите навивачи за кои најмногу жалиме што нема да бидат со нас во Лондон. Сепак, ќе играме за цела Италија и се надеваме дека ќе доживееме уште една фантастична вечер заедно“, изјави Џорџо Киелини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови