Connect with us

Кевин де Бруин потпишува договор со Ал-Итихад

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, е на прагот на трансфер во саудискиот Ал-Итихад, објави новинарот Руди Галети. Според неговите информации, играчот од средниот ред постигнал вербален договор со клубот од Џеда.

Делегација на Фондот за јавни инвестиции и претставници на Ал-Итихад разговарале со Де Бруин, кој веќе дал согласност за таков трансфер. Сега сѐ зависи од тоа клубовите да се договорат за трансферната сума, а Манчестер Сити е подготвен да го пушти својот плејмејкер доколку тоа е негова желба.

Пред елиминацијата на Белгија од ЕВРО 2024, играчот од средниот ред рече дека ќе се врати во Манчестер Сити, а разговорите за нов договор треба да се одржат во наредните месеци. Сепак, се чини дека го променил ставот откако ја добил понудата од саудискиот тим.

Актуелниот договор на 33-годишниот Де Бруин со „граѓаните“ истекува во летото 2025 година, со што би се навршиле точно десет години откако тој се пресели на „Итихад“. Доколку се пресели во Ал-Итихад, Белгиецот ќе им се придружи на Карим Бензема, Н’Голо Канте и на Фабињо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови