Селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД, Влатко Андоновски, на првиот тренинг камп годинава повика 25 играчи, а меѓу нив е и 19-годишната Тринити Родман, ќерката на поранешната НБА ѕвезда Денис Родман. Тринити Родман е 19-годишната напаѓачка на Вашингтон Спирит, а оваа година беше прогласена за дебитант на сезоната.
„Таа беше една од најдобрите играчи во лигата минатата сезона и докажа дека може да биде конкурентна. Заслужи и покана за репрезентацијата“, изјави Андоновски.
Тринити Родман е ќерка на Денис Родман, кој беше петкратен шампион во НБА, во 1989 и 1990 година со Детроит и од 1996 до 1998 година со Чикаго Булс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













