
Реал Мадрид го избра Кепа Аризабалага за нов голман. Тој е дамнешна желба на претседателот Флорентино Перез, кој сега веројатно и ќе си ја исполни.
По тешката повреда на Тибо Куртоа, за кого оваа сезона е завршена, Реал Мадрид мораше брзо да реагира и реши да го доведе Кепа.
Се споменуваше Бону од Севилја, но за неговиот трансфер Андалузијците бараа дури 20 милиони евра, што Реал го одби.
Кепа до следното лето пристигнува на позајмица од Челси, без задолжителен откуп.
Шпанецот преговараше со Баерн Минхен и беше блиску до заминување на „Алијанц арена“, но потоа дојде повикот од Реал, кој промени сѐ.
Не е тајна дека Кепа Аризабалага беше блиску до Реал во 2018 година. Тој сѐ уште го држи рекордот кога се во прашање трансферите на голманите. Челси во јануари 2018 година плати 80 милиони евра и го донесе од Атлетик Билбао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
