
Борусија Дортмунд третпат е поразена во Бундес – лигата оваа сезона откако загуби на гостувањето кај Келн со 3-2. „Милионерите“ поведоа со голот на Џулијан Брант во 31.минута, а Келн возврати силно на почетокот на вториот дел. Хајнс, Тигс и Љубичиќ стрелаа за пресврт од 3-1, а потоа Шмиц си постигна автогол.
Лајпциг лета високо по промената на тренерот и со 4-0 го победи Бохум. По два гола поделија Тимо Вернер и Нкунку за убедлив триумф.
Ајнтрахт Франкфурт славеше против Унион Берлин со 2-0, а Фрајбург беше посупешен од Мајнц со 2-1. Триумф оствари и Волфсбург против Штутгарт, со 3-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal