Селекторот на Словенија, Матјаж Кек, верува во успех на својата селекција на утрешниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 кој се игра на „Стожице“ во Љубљана. Но има почит за резултатите на македонската репрезентација.
“Македонија победува, беше одлична во Лигата на нации, и тоа не е случајно. Имате одличен тим, добри индивидуалци, но и компактен состав. Сепак, ние веруваме дека можеме да славиме, играме дома, пред нашите гледачи. Ќе сториме се за да стигнеме до триумф. Имавме добри моменти против Израел, треба да ги повториме и против Македонија” – изјави на прес конференцијата словенечкиот селектор Матјаж Кек.
Фудбалерот за врска Рене Крхин очекува тежок натпревар, но и триумф на неговата селекција.
“Македонија има квалитетен тим и ние имаме голем респект за составот чиј предводник е Горан Пандев. Тој е мој добар пријател, одличен фудбалер и се надевам дека ќе можеме да го сопреме. Ние ќе треба да создадеме една нова енергија со навивачите и се надевам дека ќе успееме да славиме” – изјави Рене Крхин.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski