
По поразот од Унгарија, Англија успеа да избегне пораз во второто коло од Лигата на нации, бидејќи одигра нерешено со Германија 1-1.
Германија водеше до 88. минута. Тогаш капитенот Хари Кејн од пенал ја затресе мрежата и стигна до 50. репрезентативен гол.
„Убаво е чувството кога ќе се постигне гол. Имав неколку шанси во текот на натпреварот и дури помислив дека ова може да биде еден од тие денови. Важно беше да покажеме менталитет, заостануваввме, но покажавме карактер и успеавме да се вратиме. Игравме против многу добра Германија. Тоа покажа каде сме“, изјави Кејн.
Ова е прв бод за Англија и тие се уште се на дното од групата 3, дивизија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal