
Голманот Кејлор Навас наскоро би можел да се пресели во Ал-Наср и да му се придружи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија. Костариканецот има договор со ПСЖ до 2024 година, но оваа сезона е „дебела“ резерва на Џанлуиџи Донарума и веројатно клубот не би му правел проблеми доколку сака да си замине.
Реализацијата на трансферот би можела да биде договорена деновиве, бидејќи шампионот на Франција на 19. јануари гостува во Саудиска Арабија, каде ќе одигра натпревар против екипата составена од играчи на Ал-Наср и Ал-Хилал, најдобрите клубови од оваа земја.
Давид Оспина, првиот голман на саудискиот клуб, во моментов е повреден и на негово место би можел да дојде Кејлор Навас.
Навас и Роналдо играа заедно во златниот период на Реал Мадрид и заедно освоија четири трофеи во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
