Connect with us

Ќе замине ли Роналдо од „Олд Трафорд“?

Дали Кристијано Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната? Ова е прашањето што си го поставуваат многу навивачи на „црвените ѓаволи“. Договорот на Португалецот со клубот од „Олд Трафорд“ истекува следната година, но се шпекулира дека тој ќе си замине порано, бидејќи е разочаран од она што се случува во клубот и фактот дека тимот нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона.


Синоќа Роналдо го постигна својот 24. гол на 38 натпревари оваа сезона за Манчестер Јунајтед. Напаѓачот погоди против Брентфорд од пенал, а еден гест на Португалецот по постигнатиот гол ги натера навивачите и раководството да размислуваат за неговата иднина.

Откако постигна гол од белата точка, Роналдо покажа на себе, а потоа на „Олд Трафорд“. Многумина оваа постапка на фудбалерот ја протолкуваа како јасен знак дека тој ќе остане во клубот и следната сезона, кога тимот ќе го предводи Ерик тен Хаг.

Сегашниот менаџер Ралф Рангник исто така го нема одговорот.

„Според начинот на кој одигра вечерва, не само затоа што постигна гол и го доби пеналот, туку многу помогна и во одбраната, не гледам зошто да не биде во клубот… Но, ова е сепак прашање кое треба да го поставите на Ерик и на Кристијано“, изјави Ралф Рангник, на новинарско прашање.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови