Connect with us

Ќе се смират ли Пике и Шакира?

Сапуницата меѓу Шакира и Жерар Пике продолжува. Новите информации од шпанските медиуми откриваат работи кои малкумина ги очекувале, но изгледа дека целата приказна навистина би можела да добие друга димензија.


Колумбиската пејачка и познатиот фудбалер го шокираа светот кога решија да се разведат на средината на годината по 13 години брак.

После тоа дојде до многу расправии, во целата приказна се појави и новата девојка на Пике, Клара, која не ја поднесува медиумската популарност и се што се случува.

Пике и Клара се во врска неколку месеци, тоа веќе не го кријат и многу често се појавуваат во јавноста, но психолошката состојба на оваа девојка од ден на ден се влошува, барем така тврди „Марка“.

Новата песна на Шакира „Monotonia“ очигледно сврте нов лист. „Не си ти крив, не бев јас крива, виновна е монотонијата“, е еден од стиховите на песната „Монотонија“, која се појави на големата сцена и многумина веруваат дека може да биде еден од најголемите хитови на Шакира.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Пике минатата недела ја посетил Шакира, изразил желба да помогне и да биде со Шакира бидејќи нејзиниот татко е болен.

Одредени медиуми ја пренесоа веста дека Шакира и Пике се гледаат тајно за да ги израмнат недоразбирањата и да отворат нови животни страници. Ќе се смири ли најпопуларната двојка во светот на спортот?

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови