
Роберт Левандовски инсистираше Баерн Минхен да го пушти во Барселона по осум години минати на „Алијанц арена“, но, сепак, тој наеднаш се оладил од очекуваниот трансфер. Причината е изјавата на Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига.
„Барселона многу добро знае какви се правилата на Ла Лига и каква е нивната финансиска состојба и што треба да направи за да донесе нови играчи. Не знам дали ќе го продадат Де Јонг или Педри, но знаат што мораат да направат, а тоа е зголемување на приходите. Имаше многу акумулирани загуби во последните години кои можеше да ги избегнат со непотребни акции како што направи, на пример, Реал Мадрид. Затоа сега не може да го регистрира Левандовски“, изјави Левандовски.
Но, веднаш возврати и претседателот на Барселона, Хоан Лапорта.
„Тебас треба да се воздржи од вакви коментари дали Барселона може или не може да донесе играч бидејќи тоа им штети на интересите на нашиот клуб. Тој го прави токму тоа, им штети на интересите на Барселона“, изјави Лапорта.
Сепак, факт е дека Барселона се уште не може да ги регистрира Франк Кеси и Андреас Кристенсен, играчи кои доаѓаат на „Камп Ноу“ без отштета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal