
Целиот фудбалски свет се обедини во молитвите за здравјето на фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, кој се сруши за време на натпреварот против Интер во 17. минута, минатиот викенд.
По брзата реакција на итната помош и играчите на теренот, Бове беше пренесен во болница, а наскоро пристигна добра вест дека 22-годишниот фудбалер е свесен, што ги отстрани најлошите сомнежи. Бове веднаш изрази желба да се врати на тренинг, но италијанските медиуми поставуваат прашање дали тоа ќе биде можно.
Според информациите на весникот „Ла Национе“, Бове бил пренесен од одделението за интензивна нега на кардиологија, а ќе биде извршен нов круг тестови за точно да се одреди дијагнозата. Ако резултатите покажат дека срцевиот удар бил предизвикан од неправилен облик на срцето, ќе му биде вграден имплантируем кардиовертер дефибрилатор (ИКД), што значи дека нема да може да се занимава со фудбал, барем не во Италија.
Причината за ова е забраната за учество во спортски натпревари за оние кои имаат вградено уреди на срцето според италијанските насоки за спортска медицина и кардиологија.
Бове пристигна во Фиорентина како позајмен играч од Рома, а во досегашниот дел од сезоната забележа одлични настапи на 14 натпревари, постигнувајќи еден гол и четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski